Линкови за пристапност

Пентагон бара засилување на  способноста за водење „нерегуларна војна“


Американскиот Оддел за одбрана објави голема политичка директива за давање подеднаква важност на војната против терористите и милитантите со традиционалното водење војна.

Директивата, потпишана од заменик секретарот за одбрана Гордон Ингланд во понеделникот, бара Пентагон да ги прошири своите способности за неконвенционална војна. Некои од чекорите вклучуваат работа со странски сили на обезбедувањето, создавање безбедни услови во нестабилни држави и оперирање преку тамошни сили да се стигне до недостапни области.

Новата политика бара Одделот за безбедност да ја признае „нерегуларната војна" како „стратешки подеднакво важна со традиционалната војна".

Официјалните лица велат дека пресвртот во политиката доаѓа откако веќе подолго време американските трупи во Авганистан и Ирак имаат проблем со растечкото бунтовништво од страна на недржавни елементи.

Весникот „Вашингтон Пост" го цитира претставникот на Пентагон и главниот архитект на политиката, Мајкл Викерс како вели дека директивата би требало да има „големо влијание на ресурсите" и на армиското планирање.

XS
SM
MD
LG