Линкови за пристапност

Помош за земјоделците за да се елиминира гладта


Помош за земјоделците за да се елиминира гладта
Помош за земјоделците за да се елиминира гладта
<!-- IMAGE -->

Ова се факти: 932 милиони луѓе секоја ноќ одат во кревет - гладни, 907 милиони од нив живеат во земјите во развој.

САД веруваат дека е можно значително да се намали бројот на гладни во светот. Помошта за земјоделците кои имаат мали фарми, со цел да го зголемат производството во земји кои се најмногу погодени од недостаток од храна претставува добар почеток.

Американскиот претседател Џорџ Буш неодамна ја изложи оваа стратегија:

- Најдобра долгорочна политика на САД е да им помогнат на земјите да развијат своја земјоделска индустрија, за да не мора од година во година да се справуваме со глобална криза со храна.

Постојат разни начини како тоа да се постигне: преку заеми за развој, кредитни гаранции и неповратна помош за земјоделците, како и со користење на семе со висок степен на `ртење, отпорно на болести и суша. САД исто така поддржуваат програми за обука на земјоделците од земјите во развој за техниките на современо производство на храна.

Локалните институции и власта на секое ниво можат исто така да помогнат со прифаќање политики што може да ја прошират регионалната трговија со земјоделски производи, како подобрување на патиштата и другата инфраструктура, или пак намалување или елиминирање на процедурата на граничните пунктови. Многу од овие идеи можат да бидат спроведени во пракса без одложување.

XS
SM
MD
LG