Линкови за пристапност

Кина ги повика САД да ја стабилизираат економијата


Кина ги повика САД да ја стабилизираат економијата во време кога двете земји започнаа нова рунда билатерални разговори на високо ниво, фокусирани на економската ситуација.

Вицепремиерот Ванг Јишан во уводното излагање во Пекинг воедно го повика Вашингтон да ја заштити кинеската актива во САД. Кина има најголеми резерви на странски валути во светот, во вредност од два трилиона долари. Голем дел од од овие средства се обврзници на американскиот Оддел за финансии.

Вицепремиерот Ванг истакна дека Кина презема чекори за поттикнување на домашната побарувачка и трансформација на својот модел на економски растеж. Неодамна, кинеската влада најави стимулативен пакет помош во вредност од 586 милијарди долари, наменет главно за јавни проекти од градежништвото, со кои би се создал поголем број на работни места.

Американската делегација на дводневните состаноци во Пекинг ја предводи секретарот на финансии Хенри Паулсон. Во излагањето тој ја увери Кина дека САД ќе соработуваат со Пекинг на зајакнувањето на глобалниот систем.



XS
SM
MD
LG