Линкови за пристапност

Вокер: Одлуката од Букурешт е непроменета – Македонија е подготвена да биде дел од НАТО штом ќе се реши спорот со името


Американскиот амбасадор во НАТО, Курт Вокер во интервјуто дадено за руската редакција на Гласот на Америка, беше дециден дека Алијансата стои на ставот оти Македонија ги исполнува сите услови за членство во НАТО и дека ќе уследи покана, штом ќе се реши прашањето со името.

Вокер коментираше и на неодамнешната изјава на американскиот поранешен заменик помошник државен секретар за одбрана за европски и прашања на НАТО, Даниел Фата, кој кажа дека очекува Македонија да и се приклучи на Алијансата, не подоцна од следниот Самит на НАТО во април 2009. Првиот човек на САД во НАТО рече дека од една страна се надева оти Фата на крајот ќе биде во право и дека Македонија ќе стане членка што е можно побрзо, но сепак се зависи од решавање на спорот со Грција околу името. „Во рамки на преговорите под медијаторство на ОН, зависи од обете страни да изнајдат решение за проблемот, штом тоа ќе се случи, сигурен сум дека НАТО е подготвен за реализација на одлуката од Букурешт.“

XS
SM
MD
LG