Во денеска објавен владин извештај, се покренуваат прашања за планот за стимулирање на американската економија, тежок 700 милијарди долари.
Во извештајот издаден од Владината канцеларија за одговорност, стои дека Одделот за финансии не вработил доволен број луѓе кои би биле ангажирани на оваа програма и оти се уште не е во можност да осигура дека банките кои би биле вклучени во неа, ќе ги почитуваат поставените правила.
Владини претставници сепак додаваат дека е прерано да се одреди дали планот ќе функционира.
Овој извештај претставува прв преглед на финансискиот пакет помош откако во октомври тој беше потпишан од претседателот Буш, со што доби сила на закон. Оттогаш наваму Одделот за финансии одвои преку 150 милијарди долари за помош на неколку финансиски институции во САД, погодени од кризата.