Линкови за пристапност

Рајс го повикува Пакистан на соработка околу нападите во Мумбаи


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс го повика Пакистан на итна акција при соработката со истрагата по минатонеделните терористички напади во Мумбаи.

Рајс ова го изјави денеска во Њу Делхи, каде има средби со цел да се намалат растечките тензии меѓу Индија и Пакистан по смртоносните напади. Секретарот Рајс истакна дека тие потсетуваат на оние изведени од Ал Каида, но сепак додаде дека се уште не е познато дали оваа терористичка организација е вмешана во нападите или не.

Американскиот државен секретар се очекуда да допатува во Пакистан в четврток.

Индиските власти ја обвинија милитантната група Лашар-е-Таиба, со седиште во Пакистан за минатонеделните напади во кои загинаа преку 170 лица. Американскиот директор за национално разузнавање, Мајк Меконел исто така сугерира дека оваа група е вмешана во нападите.

XS
SM
MD
LG