Секретарот за одбрана Роберт Гејтс се согласи да остане на функцијата и во администрацијата на Барак Обама.
Тој веќе имаше богата кариера под тројца поранешни претседатели кога претседателот Буш го побара поранешниот директор на ЦИА да биде секретар за одбрана.
Блискиот пријател на семејството Буш, пред две години, со тешко срце ја напушти работата како претседател на тексашкиот универзитет да стане шеф на Пентагон.
Гејтс помогна во напорите на САД да се истера Советскиот сојуз од Авганистан во 1980те и беше заменик советник за национална безбедност за време на операцијата Пустинска луња, во 1991, за истиснување на Ирак од Кувајт.
Набљудувачите велат дека неговите
умерени републикански ставови и знаење за Блискиот исток го направиле
природен избор за местото ослободено по
заминувањето на секретарот за
одбрана Доналд Рамсфелд.
Повторното именување на Гејтс значи
исполнување на ветувањето на Обама
дека ќе вклучи најмалку еден
Републиканец во неговиот кабинет.
Потегот исто така обезбедува чувство на континуитет во време кога САД се војна во Ирак и во Авганистан.
Алекс Брнс е новинар
во Политико точка ком: "Ова е наша прва претседателска транзиција во воено
време за 40 години и да се обезбеди
континуитет на владата во таков момент е исклучителен предизвик",
вели тој.
Лица блиски на дискусиите велат дека
Гејтс ќе остане на местото најмалку една година.