Линкови за пристапност

Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат


Новоизбраниот американски претседател Барак Обама соопшти кои ќе бидат клучните членови на неговиот тим за национална безбедност, вклучувајќи го и поранешниот политички ривал Хилари Клинтон за државен секретар.

Од Чикаго во понеделникот, Обама објави дека го задржува Роберт Гејтс за секретар за одбрана, и го именува генералот Џим Џонс на местото советник за национална безбедност.

Номинацијата на сенаторот Клинтон од страна на Обама доаѓа откако двајцата се натпреваруваа за Демократска претседателска номинација во 2008.

Од другите новини, Обама ја назначи гувернерката на Аризона, Џенет Наполитано, за секретар за домашна безбедност. Советникот за надворешна политика на Обама, Сузан Рајс, беше именувана за амбасадор во ОН.

Поранешниот заменик -генерален правобранител Ерик Холдер беше номиниран за генерален правобранител. Доколку е потврден од Сенатот, тој ќе биде првиот Африкански Американец на оваа функција.

За да го расчисти патот за Клинтон да биде номинирана за државен секретар, официјални лица велат дека нејзиниот сопруг - поранешниот Претседател Бил Клинтон – се согласил да ги открие имињата на сите донатори за неговата фондација. Тој се очекува да објави повеќе од 200 илјади имиња со цел да се избегне евентуален конфликт на интереси.

Тој исто така ќе одбие донации од странски влади за неговата добротворна организација, Клинтоновата глобална иницијатива. Тој исто така ќе го поднесе на увид својот распоред за говори и бизнис активности.

XS
SM
MD
LG