Линкови за пристапност

Индиските  сили обезбедија еден од  хотелите  нападнати од милитанти


Индиските безбедносни сили велат дека направиле напредок против последните тешко вооружени исламски милитанти кои изведоа повеќекратни напади во градот Мумбаи.

Индиските командоси денес известија дека ја презеле контролата врз хотелот Оберои-Тридент, убивајќи двајца милитанти внатре, и ослободувајќи заложници кои биле држени во зградата од почетокот на нападите во средата.

Но ситуацијата не е решена во хотелот Таџ Махал и во завршна фаза е преземањето на зградата што припаѓа на еврејска група. Се верува дека милитантите држат заложници на двете локации.

Сега се знае дека во координираните напади од средата низ целиот град убиени се 140 лица и ранети повеќе од 300. Меѓу мртвите има странци и високи претставници на полицијата.

Властите велат дека најмалку седуммина милитанти се убиени. Полицијата вели дека се уапсени неколкумина други, меѓу кои и осомничени членови на милитантната група со седиште во Пакистан Лашкар-е-Таиба.

Индиски командос на новинарите им кажа дека милитантите биле добро обучени и дека е јасно оти добро го знаеле планот на зградите што ги нападнале.



XS
SM
MD
LG