Линкови за пристапност

Индискиот премиер вели дека седиштето на напаѓачите не е во Индија


Индискиот премиер Манмохан Синг вели дека базата на извршителите на координираните напади на финансискиот главен град Мумбаи најверојатно е надвор од државата.

Господинот Синг денес се обрати до нацијата, еден ден по нападот на силно вооружени лица на десет локации во градот, убивајќи притоа околу 100 луѓе, а ранувајќи околу 300. Без да именува друга држава, тој кажа дека ке им порача на соседите дека употреба на нивната територија за лансирање терористички напади нема да биде толерирано.

Додека господинот Синг зборуваше, индиските безбедносни сили се движеа низ два луксузни хотели - Таџ Махал Палата и Оберои-Тридент – во обид да ги ослободат заложниците и да ги најдат преостанатите напаѓачи. Престрелка од огнено оружје и експлозии се слушале од хотелите и друг пожар избувнал во Таџ откако претходниот предизвикал сериозна штета на историската зграда.

Полицијата исто така се обидува да ја реши ситуацијата со опсада на зграда која припаѓа на еврејска група.

Во средата навечер, групи азиланти со автоматско оружје и гранати нападнале неколку локации популарни меѓу странци и бизнис луѓе, вклучувајќи хотели и железнички станици.

Сведоци велат дека вооружените лица барале американски и британски државјани.

Локалните медиуми известуваат дека порано непозната милитантна група, наречена Дечан Муџахедин ја презела одговорноста.. Терминот муџахедин се поврзува со исламски екстремисти додека Дечан Плато е област област во јужна Индија.

Полицијата вели дека најмалку четворица од напаѓачите биле убиени и деветмина уапсени, но не е јасно каде тоа се случило.

XS
SM
MD
LG