Американскиот претседател Џорџ Буш ги поштеди животите на две мисирки кои инаку би завршиле на нечија трпеза за традиционалната гозба на Денот на благодарноста
Буш им даде целосен и безусловен пардон на среќните мисирки, на децении старата традиција што се одржа во Белата куќа.
Тој кажа дека на птиците наречени "Памкин" и "Пекан," им претстои возбудливо патување на најсреќното место во светот – забавниот парк Дизниленд , во Калифорнија.
Птиците ќе бидат одведени во Калифорнија каде Памкин ќе биде почесен маршал на дизниевата годишна парада на Денот на благодарноста, во четврток.
Претседателот Буш исто така им се заблагодари на припадниците на американската армија, наставниците и медицински сестри, како и за доброволци кои ги хранат гладните и им даваат засолниште на сиромашните. Тој кажа дека исто така е благодарен на неговото семејство и на американскиот народ кој му дал, како што рече, огромна привилегија да служи како претседател.