Линкови за пристапност

САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк


Американските федерални власти ги предупредија претставниците за одржување на редот и мирот во и околу Њујорк за можен терористички заговор на ал-Каида против транзитниот систем на градот.

Во заедничка изјава Одделот за домашна безбедност и Федералното истражно биро велат дека американските претставници примиле "веројатен но непоткрепен" извештај кој индицира закана за време на претстојната празнична сезона.

Соопштението вели дека извештајот индицира оти членови на ал-Каида можеби дискутирале напад на Њујорк за време на разговор од крајот на септември. Се вели дека заговорот може да инволвира самоубиствени бомбаши или експлозиви поставени на подземната железница и на патничкиот железнички систем .

Но соопштението исто така кажа дека официјалните лица немаат специфични детали да потврдат дека заканата се развила над првичното планирање. Официјалните лица кажаа дека го објавуваат предупредувањето како потреба од зголемена претпазливост на страната на безбедносните власти.

XS
SM
MD
LG