Линкови за пристапност

Концерт на маестро Борис Трајанов во Вашингтон


Деновите на македонската култура во САД и официјално беа затворени со концерот на маестро Борис Трајанов во седиштето на Светската банка во Вашингтон. Импресиите ги регистрираше камерата на Гласот на Америка.

Долгоочекуваниот концерт по повод Денот на Благодарноста во САД и божикните празници на македонскиот баритон Борис Трајанов привлече голем број гости од дипломатскиот и политички живот во Вашингтон. Голем беше и бројот на иселениците кои дојдоа да го слушнат светски познатиот глас. Музичарот Драган Даутовски ја отвори вечерта со традиционалниот македонски мелос:

По него настапи маестро Борис Трајанов, кој веднаш го освои вниманието на присутните, но и ја крена атмосферата во салата.

Со концертот на Симон Трпчевски во Чикаго, преку Њујорк и деновите на македонските филм, со изложбата на Димче Исаиловски и концертот на баритонот Борис Трајанов – завршија деновите на македонската култура во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG