Линкови за пристапност

Денови на македонската култура во Вашингтон - изложба на Димче Исаиловски


Во македонската амбасада во Вашингтон во рамки на Деновите на македонската култура во САД, изложба имаше истакнатиот уметник Димче Исаиловски.

Димче Исаиловски слика во Отава, соседна Канада и се претстави со 30-ти најнови дела во Вашингтон. Вели, чест му е да ја претставува Македонија преку негови поставки.

„Ова е дел од еден поголем циклус на кој работам веќе две и пол години, период во кој се наоѓам на американскиот континент, а се вика - Слики од Македонија. Ова е една третина од тие слики што ги донесов во Вашингтон и со кои имам намера да се претставам на целиот американски континент со самостојни излагања.

Веќе имал две претставувања во Отава, за следната година планира уште неколку изложби низ САД. На почетокот бил загрижен дали ќе имал инспирација, затоа што го напуштил родниот крај; стравувал дали ќе може да твори далеку од Македонија – сепак, задоволен е како ја претставува македонската култура со сите наши атрибути, кои ги носиме во себе, вели Исаиловски.

Зоран Јолевски, амбасадор на Република Македонија во САД говореше дека годинава земјата прв пат се претставува на овој континент во областа на културата.

„Целта на овие Денови на македонската култура е да им покажеме на американскиот народ дека ги споделуваме нивните вредности во областа на културата и е дел од презентацијата на Македонија со цел да развиваме таканаречена јавна дипломатија, затоа што Македонија, не само политички туку и во другите сфери се презентира во американското општество.

Нареден настан е вечерва, концерт на маестро Борис Трајанов во холот на Светската банка. Како увертира на неговиот концерт, музичарите Драган Даутовски и Александар Стефановски, на изложбата претставија дел од македонскиот изворен мелос.

XS
SM
MD
LG