Линкови за пристапност

Лоренс Самерс: со задача да промовира поагресивна финансика регулатива


Од новоназначениот раководител на Националниот економски совет се очекува да промовира далеку поагресивна финансиска регулатива и интервенција во споредба со владата во заминување на претседателот Буш.

Лоренс Самерс ќе биде одговорен за креирање и координирање на домашна и меѓународна економска политика, како и на контрола колку од неа е применето.

Советот со кој тој ќе раководи го формираше поранешниот претседател Бил Клинтон во 1993-та и во него членуват првите лица на бројни владини оддели и агенции чии напори имаат одраз врз националната економија.

Самерс тесно ќе соработува со претстојниот секретар за финансии Тимоти Гајтнер и ќе биде еден од најблиските економски советници на Барак Обама. Самерс важо за еден од стручњаците кои со време предупредија на финансиската криза и се залагаат за енергичен одговор на неа.

XS
SM
MD
LG