Линкови за пристапност

Гајтнер – новиот економски гуру на Барак Обама


Како претседател на Федералните резерви во Њујорк, Тимоти Гајтнер беше длабоко вклучен во напорите за спас на финансискиот систем на САД.

Гајтнер раководи со делот од Американската централна банка која за владата врши надзор на финансиските пазари.

Тој е меѓу официјалните лица со задача да најдат најефикасен начин како да се употребат 700-те милијарди долари од владиниот пакет за спас на финансискиот сектор што беше усвоен во Конгресот. Гајтнер беше на мета на критики за начинот на кој е замислен планот за помош, а пакетот допрва треба да го запре наглиот економски пад.

Гајтнер претходно работел во Меѓународниот монетарен фонд, а бил и одговорен за меѓународни прашања во владиниот Оддел за финансии.

Тој е регистриран како независен, а бил републиканец кога работел во Одделот за финансии кон крајот на 1980-те во администрациите на претседателите Роналд Реган и Џорџ Буш

XS
SM
MD
LG