Линкови за пристапност

Обама ги претстави лицата за главните економски функции


Новоизбраниот американски претседател Барак Обама го номинираше претседателот на Федералните резерви на Њујорк Тимоти Гајтнер за прв човек на владиниот Оддел за финансии, а поранешниот сектетар за финансии Лоренс Самерс за раководител на Националниот економски совет.

Гајтнер беше длабоко вклучен во напорите на актуелната влада за спас на финансискиот сектор. Обама вели дека Гајтнер има „уникатен“ увид во кризата.

Обама на прес-конференција по повод номинациите кажа дека го составил економскиот тим од „најдобрите умови во Америка“ и му оддаде признание на Самерс за добрата работа во однос на претходните меѓународни економски кризи.

Новоизбраниот претседател најави и дека главен приоритет на економските соработници ќе биде да создадат ефикасен план за економска обнова. Тој се заложи за голем стимулативен пакет што „ќе ја врати економијата на здрави нозе“ и подвлече дека има намера да креира 2,5 милиони работни места.

XS
SM
MD
LG