Американската влада се обидува да ја смири финансиската криза – инвестираше 20 милијарди долари во банкарскиот гигант Ситигруп, чии акции минатата недела загубија 60 проценти од вредноста.
Потегот што владата го најави синоќа исто така вклучува и заштита од ненадејно голем губиток во рискантните заеми и хартии од вредност поткрепени со стамбени кредити на компанијата, чија вредност изнесува 306 милијарди долари. Финансиската инјекција од 20 милиони долари доаѓа од владиниот пакет од 700 милијарди долари за спас на финансискиот сектор што Конгресот го одобри во октомври.Од тие пари владата веќе еднаш одвои 25 милијарди долари за Ситигруп, во замена за сопственички удел во акциите на банката.
Ситигруп има подружници во преку 100 земји. Финансиските аналитичари велат дека колапсот на оваа банка би нанел дополнителна штета во и онака нестабилната глобална економска ситуација.