Линкови за пристапност

Груевски: „Нашата борба за инвестиции е борба за  повеќе работни места“


Премиерот на Република Македонија зборуваше за за Гласот на Америка на македонски по бизнис форумот во Чикаго

Македонија во една недела се претстави во два американски бизнис центри, Сан Франциско и Чикаго. Го запрашавме премиерот што донесоа тие презентации:

„Во Сан Франциско имавме средба со претседателот на компанијата Оракал, со претседателот на Управниот одбор на Интел, со врвот на Хјулит Пакарс и со врвот на компанијата Сан Мајкросистемс. Имавме средби и со претставници на други средби, и презентација пред 30-40 компании, како и овде во Чикаго, каде што ги претставивме предностите за бисмисмените доколку за своја идна бизнис дестинација во Европа ја одберат токму Република Македонија“

За аргументите што владините претставници ги изнесуваат пред странците, Груевски вели дека се многу:

„На планот на подобрување на бизнис клима, на планот на борба против корупција и криминал, на ниски даноци, а сега, во поново време, и намалување на придонесите, регулаторните процедури што се подобруваат, оценките што ги даваат Светската банка, преку Doing business, и други меѓународни организации и сите чекори што ги преземаме, во делот на катастарот или на нешто друго, како правниот систем и судскиот систем.“

И веќе имало интерес, вели премиерот. „ И во Сан Франциско и овде во Чикаго се интересираат особено оние компании со кои имавме разговори на многу високо ниво. Има добри шанси во иднина да се случат инвестиции од нивна страна. Некои од нив веќе најавија и доаѓање во Македонија и подлабоки разговори во идниот период“. Но од деловни причини, додава тој, не бил во можност, без тие да имаат конечна одлука, да објавува имиња или конкретни детали. Но она што може да каже е, вели, дека е позадоволен од тоа што очекувал дека ќе се случи.“

„Нашата борба за инвестиции е всушност борба за работни места. Секоја инвестиција ја гледаме како можност за отворање на нови работни места“, потенцираше Груевски. Во Силиконската долина фокусот бил на информатичката технологија, зашто на тоа поле Македонија има што да понуди, кажа тој.

Во Чикаго, фокусот се проширил и на други области.

Премиерот Груевски искажа голема благодарност за присуството на американскиот амбасадор во Република Македонија, зашто, како што рече, неговите зборови имаат поинакво значење. „Друго е кога ние кажуваме колку напредок сме направиле , кога ние презентираме бројки, податоци, услови, а друго е кога тој ќе го потврди тоа и ќе каже дека знае дека американските бизнисмени се навистина добредојдени во Македонија и дека има можност за правење бизнис и правење профит“, кажа премиерот Никола Груевски за Гласот на америка на македонски.



XS
SM
MD
LG