Линкови за пристапност

Трошка утеха“ – најнабиен со акција филм за Џемс Бонд


Во новиот филм за Џејмс Бонд „Трошка утеха“ што веќе започна да се прикажува по кино-салите, агентот 007 повторно го игра Даниел Крег – овојпат како решителен убиец, но со срце. Се` започнува откако зла организација ја убива љубовницата на Бонд, Веспер. Бонд е решен да ги најде убијците, но тоа не му се допаѓа на неговата шефица во тајната британска служба, која се плаши дека Бонд поради страста и омрзата го загубил разумот.

Иако Бонд си ја врши работата, болка му се гледа на лицето; сув мартини в раката, крвави дамки на костумот. Тој е машина за убивање, сенка од човек. Режисерот Марк Форстер вели дека ранливоста Бонд го прави интригантен и – сакан.

- Тоа ни даде одлична можност да се префрлиме на поемоционално поле со Бонд, да видиме еден подлабок Бонд.

Трагите го водат Бонд на Хаити и до Камил, убава и решителна жена. Олга Куриленко ја толкува Камил.

Камил е жена со мисија - водена од одмазда заради тоа што се случило на нејзиното семејство во минатото.

Камил со свои очи водела како поранешен боливиски диктатор ги убива нејзината мајка и сестра.

За разлика од претходните филмови на Бонд, оваа жена му е партнер во оружје, а не негова љубовница.


Даниел Крег е одличен во филмот како Џејмс Бонд. Тој е во одлична физичка состојба и игра и во опасни сцени, без помош на дублери. Крег самиот вели:

Традиционално, тоа е она што актерите го прават уште од времето на Бастер Китон и Чарли Чаплин. Немаат дублери. Тие се оние кои паѓаат од прозорецот.

Но, и останатите во филмот се добри.

Па сепак, приказната е „плитка“. Нема мистерија или напнатост. Но, филмот добро минува кај гледачите. „Квантум на утеха“, сниман низ цел свет, е празник за очите.

XS
SM
MD
LG