Линкови за пристапност

Обама наводно избрал шеф на Домашната безбедност


Според извори од Демократската партија, ново избраниот американски претседател Барак Обама се определил за гувернерот на Аризона, Џенет Наполитано, да раководи со Одделот за домашна безбедност.

Наполитано е на чело со југозападна погранична сојузна држава која се справува со илегални преминувања и има добри оценки за нејзината работа за прашања од областа на домашната безбедност. На нејзината веб-страница стои дека Наполитано е национален глас кој повикува федералната влада да преземе одговорност за обезбедување на националните граници.

Во други кабинетски селекции, демократските претставници велат дека изборот на Обама за Одделот за здравство и социјални служби, поранешниот лидер на сенатското мнозинство Том Дешл, ја прифатил работата.

Транзицискиот тим на Обама не го потврди извештајот, но кажа дека демократот од Јужна Дакота ќе го води тимот на советници во областа на реформи во здравството.

Одвоено од ова, се уште има шпекулации дека поранешниот ривал на Обама, сенаторот од Њујорк Хилари Клинтон, ќе биде иден државен секретар.

XS
SM
MD
LG