Според извори од Демократската партија, новоизбраниот американски претседател Барак Обама сериозно размислува да го поранешниот ривал - сенаторката Хилари Клинтон за државен секретар.
Обама најверојатно ќе ја објави веста за нејзиното именување околу празникот Денот на благодарноста, кој паѓа во четврток наредната недела.
Демократски претставници наведуваат велат дека транзициониот тим на Обама ги прегледал комплексните финансиски извештаи во врска со фондацијата на сопругот на Клинтон - поранешниот претседател Бил Клинтон. Тој се согласи на проширен етички преглед на документите со цел да се расчисти патот за номинирање на неговата сопруга за функцијата прв американски дипломат.
Извори велат дека процесот на номинирање на сенаторката Клинтон треба да мине без проблеми.
Обама минатата недела тајно се сретна со Клинтон – негов довчерашен ривал на прелиминарните партиски избори за претседател на САД.
Како што продолжуваат преговорите за пополнување на места во Кабинетот на Обама, неговиот шеф на Кабинетот Рам Емануел со Републиканците во Конгресот дискутира за начините на заедничка соработка откако Обама откако ќе ја презеде функцијата претсeдател на 20-ти јануари наредната година.