Линкови за пристапност

Американскиот претседател ја прошири помошта за невработените


Американскиот претседател Џорџ Буш потпиша мерка со која се прошируваат бенефициите за невработените, во време кога расте бројот на Американци кои се без работа.

Со мерката невработените Американци ќе добиваат владина помош за дополнителни седум недели. Во сојузните држави со висока стапка на невработеност, бенефициите може да траат и подолго.

Американскиот сенат ја усвои одредбата во четвртокот, откако нов извештај покажа дека бројот на невработени Американци кои се пријавиле за помош се искачил на рекордно ниво во последните 16 години.

Белата куќа вели дека финансиската и кредитна криза „драматично“ ја забавила економијата и негативно се одразила на создавањето нови работни места.

XS
SM
MD
LG