Линкови за пристапност

Симпатизерите на Садар протестираат против американско-ирачкиот пакт


Илјадници следбеници на шиитскиот свештеник Моктада Ал-Садар денес протестираа во Багдад на Плоштадот Фирдус, каде во 2003-та американските војници помогнаа да биде симната големата статуа на Садам Хусеин.

Демонстрантите го нарекоа пактот „срамен“ и „понижувачки“. Пратениците – поддржувачи на Садар го попречија неговото читање во Парламентот. Доколку биде одобрен од ирачката страна, пактот ќе го замени мандатот на ОН за странските сили на ирачка територија, што истекува наредниот месец.

Белата куќа кажа дека за пактот не е потребно одобрување од Конгресот. Некои конгресни пратеници се жалат на превезот на тајност околу спогодбата. Англиската верзија на текстот се` уште официјално не е објавена.

Пактот налага американските сили да го напуштат Ирак во рок од три години. Покрај тоа, странските работници под договор со него ќе станат подлежни на ирачките закони.

Иако американски и ирачки претставници ја окарактеризираа спогодбата како цврста заложба што ја одрфедува иднината на американското армиско присуство, обете страни имаат кажано дека по потреба за неа може одново да се преговара.

XS
SM
MD
LG