Американските акции паднаа на најниско ниво во последните пет години, во време кога Американската централна банка прогнозираше дека економската ситуација нагло ќе се влоши наредната година.
Претставници на Федералните резерви велат дека економијата најверојатно ќе се намали во последните шест месеци на оваа година и почетокот на 2009-та, а дека стапката на невработеност ќе порасне на 7.1 или повеќе.
Индексот на Дау Џонс падна под 8.000 за прв пат од 2003-та. Берзите Дау, Ес и Пи и Насдак – сите загубија по преку пет поени.