Линкови за пристапност

Американската централна банка  вели дека  невработеноста во земјата ќе расте


Високи официјални лица од Американската централна банка ги смирија прогнозите за американскиот економски растеж и ја зголемија проценката за невработеност за последниот дел на годината и за почетокот на 2009.

Овие оценки беа објавени за време на неодамнешната средба на претставници од американските федерални резерви. Според новообјавените податоци од таа средба, економијата најверојатно ќе се намали во последните шест месеци на 2008 и почетокот на следната. Стапката на невработеност може да стигне до 7.1 процент.

Официјални лица ги намалија каматните стапки на средбата на крајот од октомври сигнализираа дека може повторно тоа да го сторат со цел да ја придвижат забавената економија.

Други економски извештаи посочија во САД има рекорден пад на цените минатиот месец, додека на рекордно ниско била изградбата на домови.

Забавената економија ја погодува и американската авто-индустрија. Извршните директори од Џенерал Моторс, Крајслер и Форд, како и од Унијата на работниците беа во Конгресот со цел да побараат помош за заем во висина од 25 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG