Американскиот секретар за финансии Хенри Паулсон е против планот на демократите - да искористат дел од 700-те милијарди од владиниот пакет за спас на финансискиот сектор за помош на автомобилската индустрија и сопственците на домови кои не можат да ги отплаќаат стамбените кредити.
Паулсон на конгресен распит во вторникот рече дека планот треба да остане фокусиран на критичната точка - стабилизирање на финансискиот систем преку купување на акции во банките кои пројавиле проблеми во работењето.
Тој зборуваше само некоку часа пред директорите на Џенерал Моторс, Форд и Крајслер, заедно со ракводителот на синдикатот на автомобилските работници да сведочат за состојбата во индустријата.
Демократите во Конгресот заговараат план со кој 25 милијарди долари од владиниот план за спас на финансискиот сектор би се употребиле за помош на автомобилските производители. Владата на претседателот Џорџ Буш, пак, смета дека би било погрешно да им се даваат готови пари пред тие да се реструктуираат и станат поконкурентни. Владата предлага производителите да го искористат веќе одобрениот заем од 25 милијарди долари од Одделот за енергија со кој се поттикнуваат да понудат нови автомобили на поекономични горива.