Линкови за пристапност

Обама ветува „ново поглавје“ во однос на климатските промени


Новоизбраниот претседател Барак Обама изјави дека неговата влада ќе означи ново поглавје во американското лидерство за климатски промени.

Обама даде ваква оценка преку ненајавена видео-порака на меѓупартискиот Самит на гувернерите на американските сојузни држави, посветен на климатските промени, што се одржува во Лос Анѓелес, Калифорнија. Тој најави дека ќе започне со намалување на испуштањето на издувни гасови во САД, така што до до 2020-та би паднале на нивото од 1990-та, како и нивно намалување за дополнителни 80 проценти до 2050-та.

Обама планира годишно да инвестира по 15 милијарди долари во приватниот сектор за чиста енергија. Тој очекува промените да отворат милиони нови работни места и да ја зајакнат националната безбедност преку намалување на зависноста на САД од странска нафта.

Новоизбраниот американски претседател се обрати и до меѓународната заедница и најави дека САД енергично ќе се вклучат во глобалните преговори за климатските промени.

XS
SM
MD
LG