Линкови за пристапност

Обама:  приоритети - економијата и безбедноста


Новоизбраниот американски претседател Барак Обама планира да се фокусира на стабилизирање на домашната економија, враќање на потроувачката доверба и создавање на нови работни места.

Во гостувањето на емисијата „60 минути“ на ТВ-мрежата Си-Би-Ес, Обама ги изложи приоритетите со кои ќе се зафати неговата влада. Тој кажа дека по изборите на 4-ти ноември веднаш се зафатил со планирање како да ја стабилизира економијата. Му оддаде признание на секретарот за финансии Хенри Полсон за тоа што се обидува да најде лек за финансиската криза и се воздржа од критики на напорите на администрацијата на претседателот Буш.

- Имаме несекојдневна криза – во најмала рака, нешто незабележано од времето на Големата депресија. Мислам дека секретарот Полсон е прв кој би признал дека најверојатно не се` што беше направено појде во саканата насока. Но јас сакам да гледам напред, а не назад, рече Обама

Наредниот претседател смета дека справувањето со се` подлабоката рецесија е поважно од балансирањето на државниот буџет. За Обама е важно да с еврати довербата во финансиските пазари и да се овозможи економијата решително да тргне напред.

- Треба да сториме се` што треба да ја придвижиме економијата. Ќе треба да потрошиме пари за да ја стимулираме. Не треба да се грижиме за дефицитот следната година или една година подоцна. Сега е најважно е да одбегнеме продлабочување на ресецијата, смета Обама.

За националната безбедност, Обама рече дека изборот на тимот што ќе се грижи за таа тема претставува приоритет затоа што периодите на транзиција се време на ранливост на терористички напади.

- Сакам да обезбедиме дека транзицијата на националната безбедност ќе мине што е можно помазно, потенцираше Обама.

Тој ги повтори заложбите од кампањата дека ќе го затвори притворниот центар во Заливот Гвантанамо, како и дека ќе работи со воените команданти на повлекување на американските сили од Ирак. Обама планира САД или да го фатат, или да го убијат водачот на Ал-Каида Осама бин Ладен, истакнувајќи дека тоа ќе биде критичен момент во разбивањето на терористичката мрежа.

Обама призна дека минатата недела се сретнал со поранешниот демократски ривал, сенаторката Хилари Клинтон. Но одби да каже дали е во игра за позицијата државен секретар.

XS
SM
MD
LG