Линкови за пристапност

САД и Ирак потпишаа договор за повлекување на американските војници


Ирачки и американски претставници потпишаа договор за крај на американското армиско присуство во Ирак.

Американскиот амбасадор во Багдад Рајан Крокер вели дека договорот е историски. Со тоа што повикува на повлекување на американските војници од ирачките градови до јуни наредната година, а на сите американски сили до крајот на 2011-та, спогодбата е пресврт во долгогодишната американска политика да не се задава краен рок за напуштање на земјата.

Новиот договор ќе го замени актуелниот мандат од ОН со кој беше уредено американското присуство. Договорот сега е на дневен ред во ирачкиот парламент, каде навидум ќе има поддршка од мнозинството.

Шефот на ирачката дипломатија Хошијар Зебари за курдската редакција на Гласот на Америка изјави дека очекува конечна одлука во парламентот во наредните 10 дена. Тој предочи и дека е прерано да се предвиди дали американските сили би можеле да останат во Ирак откако ќе истече новиот мандат за три години.

XS
SM
MD
LG