Линкови за пристапност

Македонскиот премиер задоволен од бизнис-форумот во Чикаго


- Многу сум позадоволен од она што очекував дека тука ќе се случи. Можам да кажам дека она што го видовме во овие денови е малку повеќе од очекувањата. Нашата борба за инвестиции е всушност борба за нови работни места. Ние секоја инвестиција ја гледаме како можност за отворање на повеќе работни места, изјави Никола Груевски на крајот на презентацијата на Македонија на Бизнис-форумот во Чикаго.

Ова е втора ваква презентација во САД во една недела. Во понеделникот во Ист Пало Алто, сојузната држава Калифорнија, Македонија беше претставена на форум како „земја на експерти за информативна и комуникациона технологија“.

Добрата организација, одличните излагања на учесниците и ентузијазмот кај оние кои дојдоа да слушнат зошто Македонија е дестинација што треба да ја земат предвид за инвестирање се отворен предизвик македонската влада да продолжи во насока на зајакнување на својата позиција на меѓународен економски план.

Премиерот Груевски дел од успехот го припиша на ангажирањето на амбасадорот во САД во Македонија, Филип Рикер, кој лично дојде и им говореше на Американците за Македонија.

- Сосема поинаку се примаат зборовите кои доаѓаат од човек на негово место, кој ќе им каже на американските фирми и компании дека се добредојдени во Македонија, отколку кога ние зборуваме за нашите достигнувања, рече Груевски за Гласот на Америка на македонски.

XS
SM
MD
LG