Европската унија соопшти дека 15 нации кои го користат еврото како валута и официјално се наоѓаат во рецесија, во исто време кога светските лидери се собираат во Вашингтон за во сабота да дискутираат за глобалната финансиска криза.
ЕУ соопшти дека економскиот растеж во евро-зоната опаднал за две десетини од еден процент во третата четвртина во годината, по сличен пад во претходната четвртина.
Во рамки на евро-зоната, Германија и Италија и официјално западнаа во рецесија, со што им се придружија на Шпанија и Ирска. Франција објави извештај дека има благ економски растеж една десетина од еден процент во третатат четвртина.
Првиот човек на американската централна банка Бен Бернанки смета дека има одредени подобрувања во глобалниот финансиски систем, но дека се` уште е ранлив. Тој рече дека централните банки ширум светот се во постојан контакт, внимателно го следат развојот на настаните и ќе преземаат дополнителни чекори ако е потребно.
А, како уште еден знак дека најголемата економија во светот – американската - запаѓа во рецесија е петочната информација од Одделот за трговија дека малопродажбата опаднала за 2, 8 проценти во октомври – досега најголем пад во тек на еден месец. Аналитичарите сметаат дека тоа се должи на се помалите можности за добивање на кредит, стравот да не се загуби работното место, како падот на цените на домовите во САД.