Линкови за пристапност

Медиумите јавуваат дека и Хилари Клинтон е во игра за нов државен секретар


Американските медиуми јавуваат дека сенаторката Хилари Клинтон е меѓу кандидатите за државен секретар на новоизбраниот претседател Барак Обама. Обама наводно се сретнал со Клинтон во четвртокот во Чикаго.

На петочен настан во нејзината сојузна држава Њујрок, Клинтон одби да шпекулира на таа тема.

Демократски претставници веќе имаат укажано дека поранешната прва американска дама се наоѓа на листата на Обама за највисоката дипломатска позиција. Клинтон загуби од Обама во долгата и напати горчлива прелиминарна партиска битка за претседателските избори. Како други кандидати се споменуваат и демократскиот сенатор Џон Кери, неговиот републикански колега Чак Хагел и гувернерот на Ново Мексико Бил Ричардсон.

XS
SM
MD
LG