Линкови за пристапност

Обама смета на соработници на Клинтон во неговиот транзициски тим


Новата администрација на ново-избраниот претседател Барак Обама го составува тимот на советници и персонал, од кои повеќето работеле за последната демократска постава под претседателот Бил Клинтон.

Обама оформи тим експерти кои ќе извршат преглед на составот на вработени во Стејт департментот, одделот за одбрана и за финансии. Шест-члениот тим кој ќе ја извршува задачата - работел и под Клинтон.

Демократски официјални лица соопштија дека потпретседателот Џо Бајден го одбрал Рон Клајн за шеф на персоналот, кој исто така ја извршувал истата функција во време на потпретседателот Ал-Гор.

Бајден и неговата сопруга ќе се сретнат со потпретседателот Дик Чејни за да ја види неговата идна резиденција во Вашингтон.

Оние кои бараат вработување во Кабинетот на Обама и за други високи позиции во неговата администрација се соочуваат со, како што велат некои, најобемна апликација за работа за било која администрација.

Извештај на Њујорк Тајмс објави дека прашалникот на седум страници содржи 63 прашања за професионалниот и приватен живот, вклучувајќи и детали за придружникот и неговите возрасни деца.

Многумина од прашањата покажуваат како новата технологија е дел од процесот за вработување во Белата куќа.

Во апликацијата има прашање за опис на електронска или текст порака која можеби е поврзана со ново-избраниот претседател.

Апликантите треба да набројат веб-страници кои ги користеле, како на пример и линкови со социјални мрежи од типот на Фејсбук и МајСпејс.

Обама исто така се бара од потенцијалните кандидати за работа да наведат дали имаат врска со пропаднатите гиганти Фени Меј и Фреди Мек, како и други институции кои добија дел од владиниот план за спасување економијата во висина од 700 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG