Поранешниот републикански потпретседателски кандидат Сара Пејлин изјави дека нејзината партија е определена на претстојната администрација на Обама да им понудат било каква помош што е потребна.
Гувернерот на Аљаска изјави дека изборите се минато и оти таа е фокусирана на иднината на земјата.
Зборувајќи во Мајами, таа го пофали Џон Мекејн, републикански претседателски кандидат, и рече дека имала досега најголема чест во нејзиниот живот, да му биде потпретседателски кандидат. Таа ги повика колегите републикански гувернери да работат на реформи во нивните сојузни држави, вклучувајќи ја здравствената заштита, како и намалување на трошоците.
Пејлин, заедно со уште 20 републикански гувернери се наоѓа во Мајами на средба на Асоцијацијата на републикански гувернери.
Тие ги разгледуваат можностите за реформи во партијата откако ги загубија изборите за Белата куќа, но и значителен број конгресни места на изборите на 4-ти ноември.
Републиканците загубија најмалку шест сенатски места и повеќе од 20 во Претставничкиот дом.