Линкови за пристапност

Државници од цел свет на самитот во Вашингтон ќе бараат начини да се запре економскиот пад


Што може да се очекува од итната средба посветена на глобалната економија оваа сабота во Вашингтон? Светските лидери ќе се фокусираат на економското забавување што практично не остави земја непогодена. За само неколку месеци, на глобалните берзи беа загубени 25 трилиони долари. Милиони луѓе беа отпуштени од работа, а потрошувачите се обидуваат да зачуваат готовина, стравувајќи од натамошно влошување на ситуацијата.

Поранешниот претставник на Американскиот Оддел за финансии Тед Труман смета дека е значајно што на овој собир ќе учествуваат не само седумте најразвиени, туку 20-тина земји, од кои некои се во економски подем

- Се надевам дека самитот ќе се насочи на големиот проблем – глобалната рецесија, вели Труман.

За да се одржи потрошувачката моќ и да се избегнат неволји, лидерите на самитот мора да преземат координирани мерки, смета Винг Тај Ву од Институтот Брукингс во Вашингтон:

- Зголемување на владината помош и потрошувачка, намалување на каматните стапки. Исто така, земјите сега не треба да се ангажираат во извозни промотивни политики.

На самитот ќе се разговара и за подобро регулирање на финансиските институциии, како и за потребата економиите во развој - на пример Кина Индија - да имаат поголема ролја во Меѓународниот монетарен фонд.

Тед Труман додава дека финансискиот самит можеби ќе означи и почеток на редовни консултации меѓу развиените земји од Групата 7 - на кои отпаѓа 75 проценти од глобалното птроизводство - и земјите во развој.

XS
SM
MD
LG