Линкови за пристапност

Невработеноста во САД највисока во последните 7 години


Бројот на лица кои ја загубиле работата во САД достигна највисоко ниво во последните 7 години.

Извештајот на Одделот за труд издаден во четвртокот наведува дека 516.000 работници ширум земјата се пријавиле за надоместок поради невработеност.

Фактот дека банките се` поретко даваат кредити и намалената побарувачка придонесуваат работодавачите да ја кратат работната сила, со цел да заштедат.

Светски најголемиот ланец стоковни куќи Волмарт, пак, соопшти дека тешката економска ситуација се одразила позитивно на неговата продажба. Овој гигант, кој нуди производи по цени на попуст, забележал покачување на профитот за 10 проценти во третата четвртина на годината. Па сепак, во Волмарт предупредуваат дека покачувањето на доларот најверојатно ќе се одрази негативно на профитот во наредната четвртина.

Во глобала, купувачката на увезени добра во САД се најде на удар поради забавената економија и опадна за рекордни 5,6 проценти во септември. Опадна и побарувачката на американски производи за извоз.

XS
SM
MD
LG