Линкови за пристапност

Вашингтон Пост: Можни смени на првите луѓе во разузнавањето на САД


Американски весник напиша дека двајца високи официјални лица од разузнавачките служби се очекува да бидат сменети, кога ново-избраниот претседател Барак Обама ќе ја преземе канцеларијата во јануари.

Вашингтон Пост објави дека против Мајк Меконел, актуелен директор на националното разузнавање и шефот на ЦИА Мајкл Хајден, негодуваат бројни влијателни конгресни Демократи.

Пост напиша дека пратениците се вознемирени поради поддршката на двајцата за контроверзната политика на администрацијата на претседателот Буш за грубите постапки за испитување осомничени терористи, како телефонски прислушувања без одобрен налог.

Официјални лица велат дека транцизискиот тим на Обама за весникот соопштил дека не се донесени одлуки за двете позиции во националното разузнавање.

XS
SM
MD
LG