Линкови за пристапност

Нема прекин на огнот во Дарфур


Припадници на една од главните групи на бунтовниците, Движењето за Еднаквост и Правда, рекоа дека не може да му веруваат на претседателот Башир и оти кога повикува на примирје - тоа значи дека е подготвен за нова офанзива.

Тие исто така рекоа дека би се согласиле на премирје со севкупна рамка за мир.

Лидерот во егзил од друга група бунтовници, Движењето за ослободување на Судан, Абдулвахир Елнур, за Асошиејтед прес истакна дека бунтовниците не може да прифатат примирје се додека про-владините милиции не се разоружаат.

Башир денеска се заложи за итна кампања за разоружување на таквите парамилиции. Тој рече дека прекинот на огнот би стапил во сила – веднаш, но зависи од ефективниот набљудувачки систем на теренот, кој двете страни треба да го почитуваат.

Претседателот Башир најави неколку примирја за време на скоро шест-годишниот конфликт во Дарфур, но сите беа неуспешни.

XS
SM
MD
LG