Линкови за пристапност

Светот ја одбележа 90-тата годишнина од крајот на Првата светска војна


Американскиот претседател Џорџ Буш се приклучи на редица светски лидери во одбележувањето на 90-тата годишнина од крајот на Првата светска војна - првиот поголем судир на 20-от век.

Буш раскажа воени приказни на неколку американски ветерани во вторничкиот говор на пензиониран носач на авиони во Њујорк, одбележувајќи го американскиот празник, Денот на ветераните. Тој рече дека Американците имаат морална обврска да ги поддржуваат своите воени ветерани. Одбележувајќи го својот последен ваков празник како врховен командант, Буш рече и дека ќе му недостига да биде на чело на така прекрасна група луѓе кои ја носат американската армиска униформа.

Новоизбраниот американски претседател Барак Обама одаде почит на ветераните со полагање венец во Чикаго. Тој ја повика земјата одново да се посвети на чување на светата доверба кај сите оние кои и` служеле на земјата во војна.

Во Лондон, тројцата последни преживеани британски ветерани од Првата светска војна – сите на возраст од над 100 години – беа на чело на комеморацијата во чест на денот во 1918-та, кога било потпишано примирјето што означи крај на судирот.

XS
SM
MD
LG