11-ти ноември е Ден на воените ветерани во САД. Годинава се навршуваат 90-години од Првата светска војна.
Френк Баклс, кој има 107 години, според постојните податоци, е единствениот жив американски ветеран од Големата војна, како што се нарекува. Како млад војник во американската армија, бил возач на амбулатно возило во Франција и им помагал на повредените американски и француски војници.
На Баклс неодамна му беше оддадено признание во Француската амбасада во Вашингтон. Жан Мари Бокел, сектетар за воените ветерани на Франција се заблагодари на Баклс и на сите други Американци за учеството во Првата светска војна. Баклс беше одликуван со медал Легија на честа - највисока награда на Франција за воена и цивилна служба.
Баклс имал среќа и не бил повреден за време на војната, но затоа околу 200.000 американски војници беа ранети. 50.000 Американци загинаа само во Франција за време на судирот.
Баклс имал само 16 години кога се пријавил во американската армија од авантуристички побуди. Сакал да појде во првите борбени редови. Наместо тоа, заминал за Англија каде бил возач за виши официјални лица.
Во Втората светска воја загинаа над девет милиони војници, а околу 20 милиони беа ранети. Според проценките, животите ги загубија околу пет милиони цивили.
По завршување на војната во 1918-та, Баклс некое време останал во Европа и придружувал воени затвореници кои се враќале во Германија.
Баклс и самиот станал воен затвореник, но во Втората светска војна. Во 1941-ва, работел на параброд кога Јапонија извршила инвазија врз Филипините. Тој минал три години во воен камп, пред да биде ослободен од американските трупи.
Во главниот град на САД има многу споменици, вклучувајќи и за оние кои се бореле во Втората светска војна. Но, во Вашингтон нема обележје во знак на почит за оние кои се жртвувале во Првата. Најблиску до оддававање национална почит е Музејот на Првата светска војна во Канзас Сити, Канзас.
Првата светска војна заврши со мировен договор на 11-ти ноември 1918-та меѓу сојузничките сили и Германија. Тој ден важи за празник на воените ветерани во САД и Ден на примирјето во останатите сојузнички сили.
За Френк Баклс, тоа е ден кој никогаш нема да го заборави.