Глобалните берзи и цената на нафата забележаа пораст откако Кина објави пакет од 586 милијарди долари за зајакнување на домашната побарувачка и растеж на оваа четврта по големина економија во светот.
Пекинг реагираше да ја заштити сопствената извозно ориентирана економија од глобалната финансиска криза во ит ден кога министрите од главните индустриски нации во светот и големите економии во развој постигнаа согласност дека е потребна итна акција за обновување на глобалната финансиска стабилност. Понеделничката средба во Бразил е подготовка за Самитот на лидерите од Групата 20 економски најразвиени земји што ќе започне во сабота во Вашингтон.
Британскиот премиер Гордон Браун во понеделникот го повтори повикот за реорганизирање на глобалниот финансиски систем. Тој во Лондон потенцираше дека подобрениот систем би служел како глобален систем за тревога што навремено би укажувал на претстојните економски проблеми.