Линкови за пристапност

Обама и Буш на разговори во Белата Куќа


Тоа ќе биде прва нивна средба по минатонеделните избори. Ќе разговараат за транзицијата на администрацијата, но пред тоа госпоѓа Буш ќе и ја покаже претседателската резиденција на госпоѓа Обама.

Господинот Буш и господинот Обама веќе постигнаа тон на соработка во процесот на пренос на власта. Но директорот на транзицискиот тим на Обама во неделата кажа дека новоизбраниот претседател ќе се движи брзо во промена на извршните наредби на Претседателот Буш во врска со истражувањата на клетки кои поттикнуваат развој, дупчењето за нафта и други прашања.

Џон Подеста го подготви патот новиот претседател да го преиначи ограничувањето на ембрионско истражување. Подеста кажа дека Обама исто така ќе интервенира во отворањето на нови јавни земјишта за дупчења за нафта и гас.

Избраникот за позицијата Шеф на кабинет на господинот Обама, Рам Емануел во неделата кажа дека економијата ќе биде главен приоритет на новата администрација.

XS
SM
MD
LG