Линкови за пристапност

Обама ветува дека ќе се спротивстави на економската криза


Новиозбраниот американски претседател Барак Обама вели дека веднаш по стапувањето на функција, ќе се конфронтира со финансиската криза во која е земјата, што ја нарече „најголем економски предизвик на нашето време“.

На неговата прва прес конференција од победата на изборите Обама кажа дека ќе преземе неопходни чекори за олеснување на кредитната криза, за помагање на работничките семејства и за обнова на растежот.

Во понеделник, Обама ќе се сретне со Претседателот Џорџ Буш на разговор за трансферот на власта. Тој рече дека верува оти претседателот и членовите на Конгресот ја сфаќаат сериозноста на економската ситуација и сакаат работата да се заврши, и дека ќе оди во Белата Куќа со „дух на двопартизам“.

Новоизбраниот претседател кажа дека сака да го види економскиот стимулативен пакет усвоен што е можно побргу.

Обама исто така рече дека ќе го прегледа писмото со кое иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад му го честита изборот и дека ќе одговори соодветно.


Тој рече дека иранското развивање на нуклеарно оружје е неприфатливо и дека иранската поддршка на терористички организации е нешто што треба да запре.

Обама зборуваше во Чикаго, во државата Илиноис, каде беше заедно со неговиот економски тим, новоизбраниот потпретседател Џо Бајден, и човекот што ќе стане негов шеф на кабинет, член на Претставничкиот дом од Илиноис, Рам Емануел. Обама се сретна со неговите економски советници порано истиот ден.

XS
SM
MD
LG