Линкови за пристапност

Обама се среќава со неговиот тим за економија


Во економскиот тим на Обама има поранешни и актуелни владини официјални лица, но и некои звучни менаџерски имиња, како легендарниот инвеститор Ворен Бафет.

На средбата се поканети и поранешниот секретар за финансии Лоренс Самерс и поранешниот претседател на Федералните резерви, Пол Вокер. И обајцата се споменуваат како кандидати за функцијата секретар за финансии во администрацијата на Обама. Се очекува новиот претседател многу брзо да го соопшти името.

Обама објави дека конгресменот од Илиноис Рам Емануел ја прифатил понудата да биде шеф на Кабинетот во Белата куќа, кој исто така служел под поранешниот претседател Бил Клинтон.

Во соопштение, Обама го нарекува Емануел „добар пријател“ и рече дека не познава никој што подобро може да ја заврши работата. Лидерот на републиканците во Претставничкиот дом Џон Бонер изјави дека агресивниот Демократ е ироничен избор за ново-избраниот претседател кој вети дека политиката ќе ја направи поцивилизирана.

Претседателот Буш се обрати на персоналот во Белата куќа да им се заблагодари за работа, истовремено повикувајќи ги да и помогнат на новата администрција транзицијата да мине лесно.

XS
SM
MD
LG