Линкови за пристапност

Анализа: Како победи Барак Обама; Каде  згреши Џон Мекејн


Победата на Барак Обама на Демократите им даде контрола на Белата Куќа и на на Конгресот, за прв пат од 1992.

Политичките аналитичари велат дека кампањата на Обама ја комбинирала способноста за капитализирање на надворешните услови со строгата организација и дисциплина.

Натан Гонзалес од Rothenberg Political Report вели дека Американците беа подготвени за пораката за промена на Обама:

-По осум години на Џорџ Буш, американскиот електорат навистина беше готов за промена. Незадоволни од насоката во која се движи државата, луѓето бараа нешто ново.

Професор по влада на Џорџтаун Универзитетот, Марк Ром, вели дека имало и други фактори:

-Тие имаа јасна и конзистентна порака што беше убедлива за американската јавност – дека Обама е на нивна страна, дека работи во нивни интерес и дека ќе ги направи работите како треба за средната класа. Второ, одлична кампања на теренот, регистрирање милиони нови гласачи низ целата земја.


Аналитичарите велат дека кампањата на Обама мајсторски ја користела модерната технологија – мобилни телефони, испраќање текстуални пораки и електронска пошта – за да стигнат до гласачите и да ги насочат кон гласачките места.

Економијата во опаѓање и се послабиот пазар на акции ги остави гласачите од средната класа да се плашат за нивните животни заштеди.

Алекс Бурнс од Politico-точка-com вели дека Обама го искористил финансискиот неред.

-Мислам дека финансиската криза на Вол Стрит ја смени насоката на играта во овие избори. На луѓето им стана јасно колку е лоша ситуацијата. На Обама тоа му одеше во прилог зашто неговата порака беше - промена.


Потфрлањата на кампањата на Мекејн исто така му помогнаа на Обама, вели професорот Ром.

-Тој правеше грешки една по друга. Неговата кампања изгледаше хаотична. Тој никогаш не разви јасна и конзистентна порака што ќе резонира кај гласачите.

Освен тоа, Мекејн не успеа да се одвои од непопуларниот, републикански претседател, Џорџ Буш.

Дури и изборот на гувернерот на Аљаска, Сара Пејлин, не беше добро примен надвор од тесните граници на најконзервативното јадро.

Набљудувачите велат дека кампањата на Обама успеала да ја состави традиционалната коалиција на Демократската партија – големи градови, работници, малцинства, жени и млади.

XS
SM
MD
LG