Ново-избраниот американскиот претседател Барак Обама полека ги селектира имињата кои ќе бидат дел од неговата администрација по 20-јануари 2009-та.
Од извори блиски до транзицискиот тим на Обама се споменуваат имиња за следниот секретар за финансии: Тимоти Гаитнер , претседателот на Федералните резерви на Њујорк, Лоренс Самерс, кој служеше под поранешниот претседател Бил Клинтон, и Пол Вокер, поранешен претседател на американската Централна банка.Демократскиот сенатор Џон Кери и Републиканскиот сенатор Чак Хагел се во игра за функцијата државен секретар. Поранешниот секретар за морнарицата Ричард Данзинг е на кусата листа за секретар за одбрана.
Денес Обама го добива првиот брифинг од ЦИА.
Функцијата шеф на Кабинетот наводно му била понудена на конгресменот од Илиноис, Рам Емануел, кој служеше и во администрацијата на Бил Клинтон.
Претседателот Буш вети лесна транзиција, а Лора Буш лично ја поканила Мишел Обама во Белата Куќа.