Новиозбраниот претседател на САД Барак Обама на огромната толпа симпатизери во Чикаго, Илиноис, и кажа дека неговиот историски избор покажува дека Америка е место каде се е возможно.
Обама рече дека американските гласачи испратиле порака на светот дека земјата е навистина обединети држави. Тој кажа дека неговиот избор како прв претседател од афро-американско потекло е доказ за моќта на демократијата и покажа дека сонот на американските основачки татковци е жив.
Новоизбраниот претседател му честиташе на неговиот противник, републиканскиот сенатор Џон Мекејн, за сето она што тој го постигнал и му се заблагодари за службата на државата како морнарички офицер, воен затвореник и јавен службеник.