Линкови за пристапност

Обама има голема предност пред Мекејн


Американските медиуми прогнозираат дека демократот Барак Обама досега освоил 195 изборни гласови, а републиканецот Џон Мекејн 82. Резултатот се базира на прогнозиран исход во 27 сојузни држави и областа Колумбија, односно областа на главниот град Вашингтон. За победа се потребни вкупно 270 изборни гласови во таканаречениот изборен колеџ. Според американскиот изборен систем, претседателот не го избираат директно луѓето, туку оваа институција. Секоја сојузна држава, зависно од бројноста на своето население, има извесен број избирачи во колеџот. Кога жителите на една сојузна држава ќе гласаат, со конечниот исход им налагаат на своите претставници во изборниот колеџ да гласаат за претпочитаниот кандидат. Вкупниот број на изборни гласови во колеџот е 538.

Обама стои добро североисточниот дел на земјата и средниот дел на атлантското крајбрежје, додека Мекејн главно доминира на југот.

Поради различните временски зони, во одреден дел на сојузни држави гласачките места се` уште се отворени, а во некои каде се затворени - се` уште трае пребројувањето на гласовите. Изборните органи јавуваат за голем одзив на гласачите.

Кој и да биде избран, ќе биде прв по нешто во американската историја – Обама првиот претседател афро-Американец, а 72-годишниот Мекејн, најстариот на функцијата во првиот мандат.

Како демократ, Обама годинава беше во предност годинава, со оглед на слабиот рејтинг на претседателот и републиканец Џорц Буш и загриженоста на Американците за економската ситуација. Џон Мекејн во кампањата се обидуваше да се дистанцира од политиката на претседателот Буш.

XS
SM
MD
LG