Линкови за пристапност

Барак Обама започна со составување на новата администрација


Обама уживаше во мирно утро со своето семејство, водејќи ги ќерките на училиште, пред да се зафати со работата на составување на персоналот за Белата Куќа што ќе ја оформи неговата администрација и ќе му помогне да се справи со проблемите со кои се соочува нацијата.

47-годишниот демократски сенатор од Илиноис направи историја со добивање повеќе од 270 електорски гласови потребни за влез во Белата Куќа.

Според последното пребројување, Обама добил 349 електорски гласови, споредено со 162 електорски гласови дадени за сенаторот од Аризона, Џон Мекејн, неговиот републикански противник. Обама обезбеди победа со нешто повеќе од 52 проценти гласови на населението.

Во Вашингтон, Претседателот Џорџ Буш му честиташе на новиозбраниот претседател Обама на победата и кажа дека американските граѓани ја покажале на светот, со негови зборови „виталноста на американската демократија“.

Државниот секретар Кондолиза Рајс се приклучи со честитките и го увери Обама дека нејзиниот Оддел ќе работи на лесна транзиција на власта.

XS
SM
MD
LG